ДЕМАНТ И ОД ЈАНКО БАЧЕВ Писмото од Невеселов е лажно

699

Откако Плусинфо објави информација преземена од сајтот на ЕВН за тоа дека луксузен хотел на улицата Луј Пастел крадел струја, а потоа и демант испратен од лицето Јован Невеселов, кој тврди дека како закупец на деловен простор во овој објект не краде туку користи струја од фитонапонска централа и се жали дека сè е измислица на Јанко Бачев, со демант се огласи и Бачев.

Ова е демантот на Јанко Бачев:






„Најостро го осудуваме и демантираме лажното писмо што денеска се појави во вашиот медиум со наслов: ‘Јанко Бачев измислува дека реномиран хотел крадел струја од ЕВН, Засегнатите демантираат и тврдат дека користат струја од фотонапонска централа’, со кое, како што пишувате, извесен Јован Невеселов ви го пратил ова писмо дека Бачев и Единствена Македонија го пријавиле хотелот на Сашко Станинов дека краде струја.

Станува збор за лажно писмо и лажни обвинувања спрема Бачев, што го утврдивме и во разговор со Јован Невеселов кој користи просторија во истата зграда и кој ни нагласи дека нема никаква врска со наводното писмо против Бачев. За таа цел може да го контактирате Невеселов на телефонскиот број: 07…

Според тоа, се работи за лажно клеветење и оцрнување во јавноста на Бачев и Единствена Македонија заради што, во наредниот период ќе преземеме дејствија пред надлежните органи за откривање на авторот на ова лажно писмо, како би можеле да поведеме соодветни постапки.

Што се однесува до наводите во писмото дека Единствена Македонија узурпирала простории во оваа зграда, напоменуваме дека се работи за ноторна лага бидејќи партијата има валиден договор за закуп од 2005 година, а во моментот се води граѓански спор со АД за стопанисување со станбен и деловен простор, кој на криминален и незаконски начин ја упишал зградата каде се наоѓаат овие простори.

Ја користиме приликата да ве поканиме како медиум да го следите овој судски спор.

Со наводот во писмото дека АД за стопанисување за станбен и деловен простор ја упишала зградата како сопственик паѓаат сите наводи во лажното писмо, односно како може Бачев како што се вели во лажното писмо да ги брка другите закупци или да се грижи за тоа дали некој крадел струја кога зградата како што се вели си имала ‘сопственик’ – АД за станбен и деловен простор.

За другите наводи во наводното писмо за наводно прекршување на изборен молк од страна на Единствена Македонија и за слични глупости во лажното писмо, не вреди да се коментира, а вакви работи на клеветење и оцрнување се фабрикуваат веќе 20 години против претседателот Бачев и Единствена Македонија во домашните наменски кујни со потесна специјалност за удбашки финти”.

Претходно објавени содржини поврзани со демантот:

ЈАНКО БАЧЕВ ИЗМИСЛУВА ДЕКА РЕНОМИРАН ХОТЕЛ КРАДЕЛ СТРУЈА ОД ЕВН Засегнатите демантираат и тврдат дека користат струја од фотонапонска централа

ЛУКСУЗЕН ХОТЕЛ СО 4 ЅВЕЗДИ ФАТЕН КАКО КРАДЕ СТРУЈА Електродистрибуција откри нелегален приклучок и изгорени кабли, спречена катастрофа

Поврзани содржини