ДЕЛУМНО ИЗГОРЕ СТАН ВО КИСЕЛА ВОДА Пожарникарите реагирале, повредени нема

Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а на местото излегла полициска екипа.

507

Пожар зафатил стан во скопската населба Кисела Вода завчера вечерта, а случајот во полиција го пријавил сопственикот.

„На 28.01.2023 во 11.30 часот во Полициска станица Кисела Вода, Д.З.(51) од Скопје пријавил дека на 27.01.2023, во временскиот период од 21.30 часот до 22.00 часот, во неговиот стан на подрачјето на Кисела Вода настанал пожар во кој бил опожарен ентериерот и дел од една просторија во станот“, велат од МВР.






Пожарот е изгаснат, повредени лица нема, а на местото излегла полициска екипа.

Поврзани содржини