Делта сојот се шири во Австралија, Сиднеј во карантин

277

Австралиската држава Квинсленд од денеска повторно воведе задолжително носење маски и ги ограничени собирите во домовите. И Западна Австралија претходно го врати во сила носењето маски во затворени простории.

Главните градови на Нов Јужен Велс (Сиднеј) и на Северната Територија (Дарвин), пак, за време на викендот воведоа нов карантин. Сиднеј, кој е најнаселен град во Австралија, регистрираше 128 случаи на делта-сојот, а ќе биде во карантин две недели.

Поврзани содржини