Делта сојот потврден и во Косово
Министерството на Фејсбук наведе дека двата случаи на коронавирус се регистрирани помеѓу 22 тестирани примероци, кои се испратени на тестирање во Институтот за вирологија на Универзитетската клиника „Чарти“ во Берлин, Германија.
На територијата на Косово потврдени се два случаи на делта сојот на коронавирус, кој првпат е откриен во Индија, соопшти Министерството за здравство од Приштина.
Министерството на Фејсбук наведе дека двата случаи на коронавирус се регистрирани помеѓу 22 тестирани примероци, кои се испратени на тестирање во Институтот за вирологија на Универзитетската клиника „Чарти“ во Берлин, Германија.
Од Министерството наведуваат дека двајцата заразени покажувале симптоми, но дека веќе оздравеле и дека нивната изолација завршила.