ДЕЛТА-СОЈОТ НЕ Е ПОСЛЕДНА МУТАЦИЈА, НОВИТЕ ВАРИЈАНТИ ЌЕ БИДАТ ПОЗАРАЗНИ Експерт за инфективни болести нè советува како да се заштитиме
Доколку една заразена личност дише во близина на здрава личност без никаква заштита на лицето, шансите инфекцијата да се пренесе се значително поголеми. Тоа е единствената мерка која ве штити вас и другите од заразата, објаснува д-р Ендру Добсон, специјалист за инфективни болести и професор по еволутивна биологија на Универзитетот Пристон.
Единствената алтернатива на невакцинираните е сериозна болест или смрт од ковид-19, предупредува д-р Ендру Добсон, специјалист за инфективни болести и професор по еволутивна биологија на Универзитетот Пристон.
Во интервју за „Yahoo“, тој набројува неколку начини како можеме да избегнеме да се заразиме со делта-сојот на коронавирусот.
– Делта-сојот не е крај на пандемијата, ниту на вирусот. Поголемиот дел од вакцинираните луѓе не развиваат тешка клиничка слика како последица на инфекцијата на делта-сојот, а 99,9 отсто од луѓето немале реакција на самата вакцина. Вакцините значително го намалуваат ризикот од смртен исход. Исто така, важно е да продолжите да носите заштитна маска на лицето. Доколку една заразена личност дише во близина на здрава личност без никаква заштита на лицето, шансите инфекцијата да се пренесе се значително поголеми. Тоа е единствената мерка која ве штити вас и другите од заразата. Се препорачува носење на заштитна маска кога ќе излезете од дома, а особено кога ќе влезете во некоја просторија. Носењето маска е добра навика која треба да ја развиете во контекст на вирусот. Делта-сојот нема да биде последната варијанта, новите варијанти ќе бидат позаразни – објаснува д-р Добсон.
Тој ги советува луѓето да избегнуваат близок контакт со други луѓе и да одржуваат физичка дистанца.
– Помеѓу 50 и 60 отсто од новите случаи на коронавирус се без симптоми и токму асимптоматските случаи се најзаслужни за пренесување на вирусот. Што помалку треба да престојувате во затворени простории, а исто така избегнувајте ги рестораните и ноќните клубови. Колку и да звучи тоа како да сме жртви, сепак мора да направиме одредени промени во животниот стил за што повеќе луѓе да останат здрави. Треба да ги намалите и патувањата, оти кога патувате имате можност да се заразите. Секако дека некои патувања се неизбежни, но во такви случаи носете заштитна маска, одржувајте дистанца и редовно мијте ги рацете. И за крај, слушајте ги експертите, оти луѓето најчесто умираат поради дезинформации, а тие дезинформации најчесто ги шират луѓе кои немаат никаква врска со медицината. Во таква ситуација, кога цел свет се бори против пандемијата, единствено што треба да правиме е да ги слушаме стручните лица – објаснува д-р Добсон.