ДЕЛТА СОЈОТ НЕ Е ДОЈДЕН, АМА ДА НЕ СЕ ЛАЖЕМЕ Огромен е ризикот од нов силен бран
Министерот Филипче апелираше сите чинители да дадат поддршка за што пократко време да се вакцинираат што поголем број граѓани, за да избегнеме силно оптоварување на болниците.
48 пациенти се испитаа од дијагностицираните во изминатите две-три недели и кај ниту еден не е дијагностициран делта плус сојот на вирусот, кој прави голем број случаи и хоспитализации во сите околни земји. Toa значи дека не може да го запреме тој сој на вирусот за влезе во земјата, истакна вечерва министерот за здравство Венко Филипче пред состанокот со претставниците на Сојузот на синдикатите на Македонија и на Самостојниот синдикат за здравство, фармација и социјална заштита во врска со мерките кои ги предложи Комисијата за заразни болести.
Соочени сме, посочи министерот, со огромен ризик во периодот што следи да имаме нов силен бран и тоа сериозно да ги загрози капацитетите во нашите болници.
-И сега гледаме и од примерите во околните земји дека се хоспитализираат невакцинирани пациенти, што значи дека сега е вистински период граѓаните да сфатат колку е ова битно, сите чинители да дадат поддршка во овој процес за да за што пократко време се вакцинираат што поголем број граѓани за да избегнеме силно оптоварување на болниците – додаде Филипче.