ДЕЛТА СОЈОТ ГИ НАПАДНА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ Речиси 90 проценти од заболените и оние во болница не се имунизирани

Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 87%, додека само 13% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани - објавуваат од МЗ.

404

Министерството за здравство ја објави анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со ковид-19, во период од 06 август заклучно со 2 септември, инак За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина.

– Во период од 06.08 до 02.09.2021 на територија на државата 22.416 граѓанин, се позитивни од тестирани на ковид-19, од нив 18% биле целосно вакцинирани, односно 4.191 лице. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со ковид-19. Според статистика за изминативе четири недели, 18.225 граѓани, односно дури 81% од позитивните на ковид-19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 87%, додека само 13% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани – објавуваат од МЗ.






Оттаму додаваат дека смртноста кај невакцинираните е драстично поголема. Во период од четири седмици на територија на државата починале 480 лица со ковид-19, 429 пациенти (89%) од починатите не биле вакцинирани, а само 51 лице (10%) било со примена вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања.

– Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство – стои во соопштението.

Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, како и дека секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Исто така од МЗ упатуваат апел до граѓаните да се вакцинираат, само така се очекува да се дојде до колективен имунитет и да се спречи ширењето на мутации на Сарс-КоВ2.

Поврзани содржини