ДЕЛТА ПЛУС СОЈОТ ПРИСТИГНА НА КОСОВО Потврдени 12 случаи кај нашиот северен сосед
Да се потсетиме, делта плус сојот се појави во Велика Британија годинава, а според многумина експерти мутацијата веќе го прошетала европскиот континент. Тој ќе биде нов предизвик за светот оваа зима, откако летото, обичниот делта-сој го зеде приматот кај новозаболените.
Потврдени се 12 случаи со новиот делта плус сој кај нашиот северен сосед, а новозаразените биле откриени преку испитување на 70 мостри кои биле пратени на анализа во Германија, јави дописникот на МИА од Приштина. Иако Косово има доста мал број на новозазаразени во последните две недели, фактот дека делта плус сојот е на Балканот е причина за аларм.
На Косово можеби има и уште новозаразени со новиот сој. ИКШПК наведува дека во последно време е забележан значителен пад на бројот на новозаразени, но предупредува на опасноста од брзо ширење на новата варијанта на вирусот.
Да се потсетиме, делта плус сојот се појави во Велика Британија годинава, а според многумина експерти мутацијата веќе го прошетала европскиот континент. Тој ќе биде нов предизвик за светот оваа зима, откако летото, обичниот делта-сој го зеде приматот кај новозаболените.
Од Националниот институт за јавно здравство на Косово (ИКШПК) најавија дека идниот понеделник за проверка во лабораторија во Германија ќе се испратат дополнителни позитивни мостри собрани во последните две недели.
„Ситуацијата со ковид-19 во Косово бележи пад на бројот на нови случаи за 19,11 отсто во споредба со последните две недели, како и на бројот на починати пациенти. Тимовите на ИКШПК постојано ги испитуват и следат сите можни извори со цел да се спречи натамошното ширење на заразата, раното детектирање на случаите и можните импликации по здравјето на луѓето од новата варијанта Делта плус. Иако делта-сојот и натаму е доминантен (79,66 отсто), постои опасност од брзо ширење на новата варијанта Делта плус“, се вели во соопштението.
Последните пар недели во Косово дневно се регистрираат во просек по десет до дваесетина новозаразени и по ниеден или еден до двајца починати од ковид-19, а бројот на активни случаи, според последните, вчерашни, официјални статистики изнесува 447.