ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ ОСТАНАА БЕЗ ПАРНО ГРЕЕЊЕ Топланите Исток и Запад не испорачуваат топлинска енергија поради дефект
Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилност и нормализација на снабдувањето со топлина, соопшти „ЕСМ Снабдување“.
Жителите на повеќе населби во Скопје вечерва останаа парно греење поради дефект.
„Поради зголемени загуби на вода во системот и потребата од изолација на истекување вода од дистрибутивната мрежа во реонот околу улицата „Павел Шатев“ („Бихаќка“), топланите Исток и Запад нема да испорачуваат топлинска енергија во период од околу три часа“, пишува во соопштението објавено на веб страницата на „ЕСМ Снабдување“.
Екипите на Дистрибуција на топлина се на терен и активно работат на изолирање на проблемот, со цел воспоставување стабилност и нормализација на снабдувањето, се додава во соопштението.
„Се користат сите расположливи ресурси, а екипите преземаат засилени мерки и вложуваат максимални напори за што побрзо враќање на редовната испорака на топлина до потрошувачите“, информира компаниијата.
За дополнителни информации, граѓаните може да се обратат во Центарот за грижа на потрошувачи на телефонските броеви (02) 3076 200 и 075 400 100.