ДЕЛОВИ ОД ШТИП НЕКОЛКУ ДЕНА СЕ БЕЗ ВОДА Пукаат стари азбестни цевки, општината бара решение

Еден од начините за да се санира проблемот е да се постигне консензус за користење на 1,2 милиони евра од самопридонесот на општината. Но, оваа одлука двапати во минатото не поминала на општинскиот референдум.

46

Двојно повеќе дефекти во водоснабдувањето на Штип имало годинава споредено со претходните, а причина се старите цевки кои пукаат поради високиот притисок. Ова остави делови од градот со денови без вода по пеколните температури. Крпењето на цевките не е трајно решение, апелираат од ЈП Исар, додека градоначалникот вели дека се прават напори проблемот да се реши.

Еден од начините за да се санира проблемот е да се постигне консензус за користење на 1,2 милиони евра од самопридонесот на општината. Но, оваа одлука двапати во минатото не поминала на општинскиот референдум.






Во меѓувреме, азбестните цевки само ја зголемуваат токсичноста, но и сметките на штипјани, бидејќи низ дотраените цевки се губи повеќе вода.

Поврзани содржини