ДЕЛОВИ ОД ЧОВЕЧКИ СКЕЛЕТ ПРОНАЈДЕНИ ВО МАВРОВИ АНОВИ Ќе бидат однесени на вештачење
Остатоците, биле подигнати за вештачење. Увид бил извршен во координација со Јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.
Делови од човечки скелет се најдени на брегот на Мавровско езеро во населбата Маврови анови во близина на некогашниот угостителски објект „Бел коњ”. По извршениот увид ќе се врши вештачење за да се утврдат поединости поврзани со случајот.