ДЕЛОВИ ОД ЧЕТИРИ ОПШТИНИ Утре без струја Карпош, Сарај, Аеродром и Сопиште

182

Од ЕВН Македонија АД информираат дека утре без струја ќе останат дел од корисниците од општините Карпош, Сарај, Аеродром и Сопиште.

Во периодот од 08.30 до 09.30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата Гиго Михајловски бр.10 во општина Карпош, а од 08 до 10 часот, струја ќе немаат потрошувачите во околина на базенот Сарај.

Во периодот од 08 до 14 часот, без струја ќе бидат дел од корисниците од улица Мите Богоевски од крстосницата со улица Гаврил Константиновиќ бр.42., во општина Аеродром.

Во Општина Сопиште во периодот од 09.00 до 12.00 часот, струја ќе немаат дел од корисниците од улица Ветрило, објектите од долната подуличка и еден објект после кривината во нивите.

Без струја утре од 10 до 15 часот ќе бидат објектите во село Бардовци.






Поврзани содржини