ДЕЛОВИ ОД ЧАИР И ОД БУТЕЛ ВИКЕНДОВ БЕЗ СТРУЈА Службите работат на технички зафати
Од 8:30 до 15 часот во сабота без струја ќе биде корисниците од село Љубанци кои живеат кај црквата „Св. Јован“. В недела од 8 до 13 часот без струја ќе бидат корисниците кои живеат близу Веро маркет на улица Џон Кенеди и дел од корисниците на улица Кемал Сејфула.
Без електрична енергија утре ќе бидат делови од општината Бутел поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиено известување од ЕВН Македонија АД.
Од 08:30 до 15 часот без струја ќе бидат корисниците од дел од селото Љубанци, поточно делот кон Црквата „Св.Јован“ во Општина Бутел.
Од РЦУК посочуваат дека без електрична енергија во недела од 8 до 13 часот ќе бидат корисниците од дел од улица Џон Кенеди (корисниците во околината на Веро-Маркет) и дел од улица Кемал Сејфула, корисниците во близина на стадионот во Општина Чаир.