АЛЕН ДЕЛОН ПОБАРАЛ ЕВТАНАЗИЈА ПРЕД ДВЕ ГОДИНИ?! Повеќе не очекува ништо, напишал неговиот лекар во извештајот

Според францускиот весник Делон го замолил својот син Ентони да го организира целиот процес и да биде покрај него додека тој умира. Делон му се доверил и на својот лекар во врска со ова. „Ле Паризиен“ пишува за нарушеното здравје кое го имал актерот во последните години, а во лекарскиот извештај стоело дека „моралот на актерот бил низок и дека изгледа дека „повеќе не очекува ништо од животот“.

2,994

Легендарниот француски актер Ален Делон кој денеска почина на 88-годишна возраст, пред две години изјавил дека сака да биде еутаназиран, пишува хрватски Индекс повикувајќи се на текст на „Ле Паризиен“. Според францускиот весник Делон го замолил својот син Ентони да го организира целиот процес и да биде покрај него додека тој умира.

– Секако дека ја поддржувам евтаназијата. Живеам во Швајцарија, каде што е легална. Мислам дека тоа е најлогично и најприродно нешто. Секој има право да умре без да остане во болници и да прима инјекции – рече Делон тогаш во интервју за локална телевизија, додавајќи дека напишал тестамент.






Во истата изјава тој вели:

– Да старееш е срање! И не можеме ништо да направиме за тоа. Лицето ти се менува и го губиш видот. Стануваш и, по ѓаволите, те боли зглобот – рече тој.

Според информациите кои ги откри „Ле Паризиен“, на преглед на почетокот на годината, легендарниот актер му се доверил на својот лекар дека сака да умре.

Понатаму, весникот дека актерот повеќе не е човекот каков што бил некогаш, се наведува дека е физички и психички ослабен и дека ја изгубил луцидноста. Актерот, наводно, бил подложен на различни проценки во последниве години за да се утврди неговиот ментален капацитет по извештајот за злоупотреба на слабост поднесен од неговите деца против неговата поранешна партнерка Хироми Ролин.

Според статијата, резултатите покажале дека актерот „доживеал четири фази од неговата здравствена состојба со намалена луцидност“. Помеѓу септември 2021 и јуни 2023 година, лекарите, наводно, забележале „значително оштетување на проникливоста поврзано со забавување на размислувањето и тешкотии во решавањето на неговите семејни проблеми, и конечно, во јули 2023 година, целосно губење на неговата проникливост“.

За време на завршниот преглед, лекарот наводно напишал во својот извештај дека „моралот на актерот бил низок и дека изгледа дека „повеќе не очекува ништо од животот“.

Во една прилика Делон откри дека славата го изморила бидејќи не можел да живее како другите луѓе и да ја има својата приватност. Рече дека црпел мотив од жените за да бидe тоа што е, а дека се забавувал со најубавите жени на светот. Во 2018 година за магазинот „Paris Match“ тој откри дека неговата последна желба била неговото куче Лобо да замине со него на другиот свет.

– Подготвен сум да умрам. Го мразам времето во кое живееме, ми се гади. Има луѓе што ги мразам. Сè е лажно, само парите се важни. Ќе заминам од овој свет без трошка жалење – изјавил тогаш Делон.

НÈ НАПУШТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ФИЛМСКИ ИКОНИ НА 20. ВЕК Ален Делон ја загуби битката со ракот

ТЕШКО ДЕТСТВО, ЉУБОВНИ СКАНДАЛИ, ГЛАМУР И СЛАВА Кој беше харизматичниот Ален Делон?

 

Поврзани содржини