ДЕЛЕГАЦИЈАТА ВО АБУ ДАБИ ЌЕ БИДЕ МИНИМАЛНА Премиерот вели дека со него ќе бидат само уште неколку министри

Како што истакна Ковачевски, заедно со него ќе патуваат и министерот за финансии, Фатмир Бесими со раководителот на секторот за меѓународни финансии, додека министерите за земјоделство и за транспорт и врски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски ќе одат без ниту еден кабинетски советник. Од Кабинетот на премиерот ќе патува еден советник задолжен за организација и еден претставник од секторот за односи со јавност.

163

Владината делегација предводена од премиерот Димитар Ковачевски која утре треба да патува за Обединетите Арапски Емирати ќе биде минимална, изјави денеска премиерот.

Како што истакна Ковачевски, заедно со него ќе патуваат и министерот за финансии, Фатмир Бесими со раководителот на секторот за меѓународни финансии,  додека министерите за земјоделство и за транспорт и врски, Љупчо Николовски и Благој Бочварски ќе одат без ниту еден кабинетски советник. Од Кабинетот на премиерот ќе патува еден советник задолжен за организација и еден претставник од секторот за односи со јавност.






Посетата на Абу Даби ја најави министерот за финансии Фатмир Бесими минатиот понеделник.

– Таму ќе ги претставиме нашите макроекономски политики, развојните цели во нашата земја и ќе оствариме средби со претставници на неколку фондови – изјави тогаш Бесими.

Поврзани содржини