Делегацијата на ЕУ во земјава го повика кривичното правосудство да го испита нападот врз ЛГБТИ активистот Беким Асани

Делегацијата на ЕУ во земјава ги повикува сите политички партии да го поддржат донесувањето на законот за антидискриминација.

445

Делегацијата на Европската Унија во земјава ги осудува личниот напад и заканите по живот врз ЛГБТИ активистот Беким Асани и го повикува кривичното правосудство да го испита случајот, со цел сторителите да бидат изведени пред лицето на правдата.

„Почитувањето на човековите права и владеењето на правото се камен-темелник на Европската Унија, каде секоја личност ги ужива овие права, без оглед на нивната сексуална ориентација. Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој беше укинат по формална основа, беше првиот закон во земјата во кој беа вклучени родовиот идентитет и сексуалната ориентација како основа за дискриминација“, се вели во писмената изјава од Делегацијата на ЕУ.






Оттаму ги повикуваат сите политички партии да го поддржат донесувањето на законот за антидискриминација од страна на новиот парламент како прашање со приоритет, развивајќи ги на тој начин меѓународните стандарди, и останувајќи посветени на унапредување на човековите права на ЛГБТИ лицата во земјата.

Поврзани содржини