ДЕЛЧЕВКА ГО ПРИЈАВИЛА СВОЕТО КУЧЕ ВО ПОЛИЦИЈА Домашниот миленик нападнал мало девојче
Девојчето било пренесено во болница, а сопственичката го предала кучето на ветеринарен лекар и нападот го пријавила во полиција.
Куче домашен миленик каснало малолетно девојче. Сопственичката на кучето го пријавила нападот во полициската станица во Делчево, а кучето го предала на ветеринарен лекар.
„На 24.07.2024 во 23.30 часот во Полициската станица Делчево, А.С.(43) од Делчево пријавила дека околу 21.00 часот, додека седела во угостителски објект на бензинска пумпа со нејзините пријатели, нејзиното куче домашен миленик ја каснало малолетната ќерка на пријателите. Малолетничката била однесена за укажување на лекарска помош, а сопственичката го предала кучето на ветеринарен лекар. Се работи на расчистување на случајот“ – стои во известувањето од МВР.