ДЕЛ ОД СКОПЈЕ ЌЕ БИДЕ БЛОКИРАНО ОД 11 ДО 14.30 ЧАСОТ Протестира дел од државната администрација
Поради најавените протести МВР презема посебни мерки за обезбедување на редот, односно во периодот од 11 до 14 и 30 часот на централното подрачје на град Скопје ќе се спроведува посебен сообраќаен режим.
Вработените во судската и обвинителската администрација, Фондот за здравство и Народниот правобранител денеска ќе блокираат дел од градот поради неисполнетите барања за повисоки плати.
Тие ќе протестираат пред Собранието и повторно ќе бобараат да се исполнат нивните барања пред целосно да ги блокираат институциите.
Пред Министерството за здравство пак, ќе протестира и Независниот синдикат на здравствените работници со барање за поголеми плати.
Барањата се повисоки плати и револт кај судската и обвинителската администрација беа истакнати неколку месици наназат како резултат на зголемните плати на јавнит функционери судии и јавни обвинители. Тие побараа покрај зголемување на платите да им се исплатат и дотациите кои не и добиваат со месеци. дополнително овие вработени се револтираа откако дознаа дека во буџетот за следната година не се планирани пари за зголемување на нивните плати.
И вработените во фондот за здравство и кај народниот првобранител се жалат на ниските плати и зголемениот обем на работа.
Поради најавените протести МВР презема посебни мерки за обезбедување на редот, односно во периодот од 11 до 14.30 часот на централното подрачје на град Скопје ќе се спроведува посебен сообраќаен режим.