ДЕЛ ОД ПРИЈАВИТЕ СЕ ЛАЖНИ Нема бомби во ГТЦ, Ист Гејт, Мериот, ТЦ Бисер…
Инаку утрово, стигнале закани за подметнати експлозивни направи и до 11 скопски училишта, во тек се антитерористички проверки од страна на екипите на МВР.
Од Министерството за внатрешни работи за Плусинфо велат дека по завршените проверки на одредени локации било утврдено дека станува збор за лажни дојави, а во тек се проверки на останатите објекти.
– Направени сите потребни проверки во Градскиот трговски центар, Ист гејт мол, хотел Мериот, Музеј на град Скопје, Спомен куќа Мајка Тереза, Транспортен центар, ТЦ Бисер и Џевахир холдинг во врска со денешните пријави по добиените пораки на електронски адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави – нѐ информираа од МВР.
Оттаму додаваат дека продолжуваат со проверките во останатите објекти за кои беше добиена пријава и по завршувањето на проверките соодветно ќе ја информираат јавноста.
Инаку утрово, стигнале закани за подметнати експлозивни направи и до 11 скопски училишта, во тек се антитерористички проверки од страна на екипите на МВР.