ДЕЛ ОД ПАРИТЕ ОД КАЗИНАТА И ОД ОБЛОЖУВАЛНИЦИТЕ ЌЕ ОДАТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ Буџетот за филмска уметност ќе се зголеми трипати од 2026 година, Агенцијата ќе финансира и серии

Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, изјави дека со законската измена буџетот за филм ќе се зголеми тројно, но средствата нема да бидат наменети исклучиво за филмови. Од следната година се планира и објавување конкурс за поддршка на телевизиски серии, а министерот потсети дека веќе е постигнат договор со европската мрежа „Еуроимаж“, во рамки на кој се обезбедени околу 450.000 евра котизација и учество за финансирање македонски серии.

122

„Македонскиот филм долги години беше во криза, но успеавме да излеземе од таа криза. Со ребаланс на Буџетот за оваа година обезбедивме дополнителни 145 милиони денари, што ќе биде многу повеќе од двојно, од она што го имаше филмот во првата половина од годината“.

Ова го соопшти денеска на прес-конференција министерот за култура и туризам, Зоран Љутков.






Тој посочи дека со законска измена од следната 2026 година, 3% од државните приходи од игрите на среќа ќе одат директно во македонскиот филм.

– Што значи дека за трипати ќе се зголеми буџетот за филм од 2026 година. Мислам дека тоа ќе ни даде поголема комоција и во делот на креативноста. Тие средства нема да одат само за македонскиот филм, туку од следната година веќе отвораме и конкурс за серии, што значи дека Агенцијата за филм ќе поддржува и серии. Тоа е договорот што го потпишавме претходната година со „Еуроимаж“, допололнителни средства, некаде околу 450.000 евра котизација и учество за снимање на македонски серии – рече Љутков.

Тоа, како што рече, е новост и импакт за македонскиот филм и за македонските серии.

Љутков на денешната прес-конференцијата по повод светската премиера на филмот „Мајка“ на Теона Стругар Митевска им честиташе на Лабина и на Теона Митевски за големиот успех што веќе го постигнува овој филм.

Филмот „Мајка“ годинава ќе ја отвори селекцијата „Хоризонти“ на 81-то издание на престижниот Венецијански филмски фестивал.

– Тоа е навистина голем успех и за македонскиот филм, но и за нашата држава – рече Љутков.

Поврзани содржини