Дел од Ѓорче Петров денеска остана без струја поради дефект на кабел

Екипи на Електродистрибуција навреме реагираа и дефектот е осттранет.

389

Дел од жителите на Ѓорче Петров денеска во 15.35 часот останаа без струја поради дефект на кабел. Од ЕВН информираа дека дефектот е отстранет и состојбата со снабдување со струја е нормализирана.

– Денеска во 15.35 часот настана дефект на кабел поради што без електрична енергија останаа дел од жителите на Ѓорче Петров. Екипите на Електродистрибуција веднаш излегоа на терен и го лоцираа дефектот Сите овие корисници беа префрлени на алтернативниа напојни точки, односно дел од нив добија стабилно снабдување со електрична енергија за време од 12 минути а дел по 18 минути – информираа од ЕВН.

Поврзани содржини