ДЕЛ ОД ОПШТИНА САРАЈ ОСТАНА БЕЗ СТРУЈА Жители на Грчец предизвикале хаварија кога сами вклучиле струја од трафостаница на Електродистрибуција
Екипа на електродистрибуција придружувана од полицијата се обидува да го отстрани дефектот.
Дел од општина Сарај неколку денови е без струја поради дефект на мрежат која била предизвикана од незаконска манипувалција со мрежата од поединци во село Грчец.
Електродистрибуција соошти дека засега непознати лица од селото Грчец, со незаконско манипулирање на мрежата предизвикале хаварија во дистрибутивниот систем поради што без снабдување со електрична енергија останаа и корисниците на дел на територија на Сарај.
Дефектот, како што соопшти електродистрибуција, се случил пред два дена како последица на нелегално и неконтролирано контуинирано користење на електрична енергија од жителите на Грчец, селото имаше целосен прекин на испорака на електрична енергија.
-Вчера, во доцните часови, дел од мештаните го вратиле снабдувањето со тоа што насилно и противправно влегле во енергетските објекти во сопственост на Електродистрибуција, а со тоа предизвикале огромна и неповратлива штета на целиот дистрибутивен систем во регионот – велат од електродистрибуција.
Оттаму додаваат дека нивн екипа со придружба на полиција се обидува да го врати напојувањето со струја на што е можно повеќе корисници.