ДЕЛ ОД ЛИМЕНАТА ОГРАДА КАЈ „БЕКО“ ПАДНА ВРЗ ВЕЛОСИПЕДИСТ Со итна помош бил однесен во Ургентен центар

Полицијата го потврди инцидентот, кој според очевидци се случил откако силниот ветер го откорнал лимот од градилиштето.

1,382

Утрово е повреден 64-годишник откако врз него паднал лим од градилиштето на поранешно „Беко“ во центарот на Скопје.

Полицијата го потврди инцидентот, кој според очевидци се случил откако силниот ветер го турнал лимот од оградата на градилиштето.






– На 15.07.2025 околу 7.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на пешачката патека на улицата Даме Груев во Скопје, додека С.П. (64) се движел со велосипед, врз него паднал лим од заштитна ограда со која е оградено градилиште. С.П. со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Ургентен центар за укажување лекарска помош – потврдија од полицијата.

Медиумите потсетуваат дека и претходно од ова градилиште летале парчиња од оградата и друг градежен материјал, но никој не интервенирал за да ги заштити граѓаните.

Поврзани содржини