Прекинато водоснабдување денеска имаат корисниците во дел од улиците Бахар Моис, Дрезденска, Багдатска и Анкарска во општина Карпош, соопшти ЈП Водовод и канализација.
Причина за прекинот на водоснабдувањето, како што посочуваат од претпријатието, е уличен дефект ф-80мм на улица Бахар Моис 11А.
Прекинот на водоснабдувањето ќе трае до завршување на дефектот, информираат од ЈП Водовод и канализација.