Од ВМРО-ДПМНЕ ја повикуваат владејачката СДСМ да ја поддржи Декларацијата со која во 8 точки се афирмира заложбата за заштита на ликот и делото на македонскиот револуцинер Гоце Делчев, а која пред два дена ја поднесоа во Собранието.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Иванка Василевска на панел дискусија организирана од опозициската партија, а насловена „Гоце е Македонија“ кажа е потребно единство помеѓу македонските граѓани за суштинските прашања за кои е непримерно и неевропски да се дискутира во 21 век.
– По повод 150 годишнината од раѓањето, ВМРО-ДПМНЕ до македонското Собрание да поднесе Декларација за Гоце Делчев, чиј што лик и дело е најактуелно во последниот период, особено во преговорите со нашиот источен сосед, Република Бугарија. Декларација, која треба да биде точката да обединување на политичките партии во македонското Собрание, така и со вонпарламентарните партии. Нашата Декларација токму произлегува и од таа намера. Генералниот секретар на партијата, професорот Сајкоски во име на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, но и со апел до сите останати политички структури во, но и надвор од Собранието на Република Македонија, побара да ставиме црвена линија и да поставиме еден праг од каде што нема да може да се пречекорува во ниедна смисла и без оглед кој ќе ја води власта во државата – рече Василевска.
Таа додаде истакна дека, ако ги видиме последните изјави на новоименуваниот премиер, ќе видиме дека е јасно зошто така лесно се полемизираат или се ставаат на страна овие суштински прашања, меѓу кои и онаа за значењето на ликот и делото на Гоце Делчев.