ДЕКЕМВРИ СО РЕКОРДНИ ДОБИВКИ Видеолотарија Касинос Австрија им исплати 1,3 милиони евра на играчите
Рекордни 23 играчи во декември освоија Милионер џекпот. Тие заедно поделија фантастични 34.402.871 денари. Овој празничен месец се радуваа и играчите кои освоија Мини џекпот и заедно поделија 10.508.859 денари.
Декември урива рекорди по бројот на постигнати ВЛТ џекпот добивки. Во најсреќниот месец од 2024, Видеолотарија Касинос Австрија кон играчите на видеолотариските терминали исплати фантастични милион и триста илјади евра, односно 80.294.784 денари.
– Во декември сигналот за Супер Милионер го слушнаа дури 5 играчи, кои заедно поделија 35.383.054 денари. Првиот Супер милионер со рекордниот износ од 7.958.150 денари беше освоен уште првиот ден од декември во Кривогаштани. На 07.12.2024 го имавме и вториот добитник на оваа џекпот добивка. Играч од Тетово освои 6.308.491 денар. По седум дена на 14 декември во Скопје, беше освоен третиот Супер милионер џекпот вреден 6.183.491 денари. Во Скопје беа освоени и следните два Супер милионери, и тоа на 23 декември џекпотот вреден 7.465.017 и последниот во 2024, на 30 декември, вреден 7.467.633 денари – рекоа од Видеолотарија.
Рекордни 23 играчи во декември освоија Милионер џекпот. Тие заедно поделија фантастични 34.402.871 денари. Овој празничен месец се радуваа и играчите кои освоија Мини џекпот и заедно поделија 10.508.859 денари.
Забавата на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, продолжува да носи нови среќни приказни и во јануари.
– Во јануари нашиот среќен играч од Струга, Лундрим Мехмеди ја освои празничната ВЛТ џекпот добивка – Премиум џекпот со фантастичниот автомобил „мерцедес бенц Е 220 Д“. Со гордост споделуваме дека во текот на изминатите 10 години од нашето работење, кон играчите на видеолотариските игри на среќа, исплативме сензационални три милијарди денари. Компанијата работи согласно важечката законска регулатива и светските стандарди за организирање игри на среќа, што ни овозможи лидерска позиција на полето на електронските игри на среќа – додаваат од Видеолотарија.