ДЕКАНОТ НА ГРАДЕЖЕН ЌЕ БИДЕ КАНДИДАТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА СКОПЈЕ Платформата „Независни заедно“ застана зад професорот Горан Марковски

Од платформата велат дека Марковски е истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје.

177

Граѓанската платформа „Независни заедно“ ќе го промовира проф. д-р Горан Марковски, декан на Градежниот факултет како независен кандидат за градоначалник на Скопје.

Од платформата велат дека Марковски е истакнат интелектуалец и борец за безбедно и убаво Скопје.






– Заедно да му дадеме шанса на градот, шанса да го водат стручни лица со храбро лидерство и визија за поубав град по мерка на човекот – додаваат од „Независни заедно“.

Марковски утре ќе ја претстави својата мотивација да се кандидира на локалните избори, неговата визија на делување и нов пристап кон локалната власт.

Кандидатурата на професорот е поддржана од граѓанската платформа „Независни заедно“, составена од  „Шанса за Центар“, „Зелените за Гази     Баба“ и „Групација 389“.

 

Поврзани содржини