ДЕКА ИМА ЛЕКАРСКИ ПРОПУСТИ, ИМА Се надевам дека ќе се разбуди совеста кај менаџментот на „Козле“
Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку (етичката комисија во Лекарската комора) не му веруваат на извештајот, нека си направат свој, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари, во контекст на случајот со починатото 14-месечно бебе.
Министерот за здравство, Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање за случајот со починатото 14-месечно бебе во Скопје, изјави дека е добро тоа што Клиниката за педијатрија презема одреден чекор и тој изрази надеж дека „ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле“.
– Ние со правната екипа во Министерството ги разгледавме сите наши можности. Добро е што Клиниката за педијатрија презема одредени чекори и се надевам дека ќе се разбуди совеста кај менаџментот на болницата во Козле. Ќе дадеме официјално до Лекарска комора, таму има етичка комисија што треба да одлучува. Наши препораки ќе има, извештајот е тука. Доколку не му веруваат на извештајот, нека си направат свој, меѓутоа, дека има одредени пропусти, лекарски, има – одговори Таравари по изјавите за медиуми денеска пред Клиниката за онкологија.
- ИМА ЛЕКАРСКИ ПРЕВИД ВО СЛУЧАЈОТ СО ПОЧИНАТОТО БЕБЕ Директорите на „Козле“ и на Детска клиника треба да преземат мерки
- БОЛНИЦАТА „КОЗЛЕ“ ТВРДИ ДЕКА НЕ Е ВИНОВНА ЗА СМРТТА НА 14-МЕСЕЧНОТО БЕБЕ Нема пропусти, постапено е според медицинските протоколи
Тој смета дека добро би било сите заедно да дадат одреден сигнал до граѓаните за да почнуваат да веруваат во системот.
Претходно, министерот рече дека се надева оти двајцата директори ќе преземат некакви мерки. Министерот подвлече дека очекува од нив да има некаква одговорност.
Директорот на Универзитетската клиника за детски болести во Скопје, Реџеп Мемеди, околу случајот со смртта на 14-месечното бебе, донесе решение за времено отстранување на двајца здравствени работници – доктори специјалисти од здравствената установа, за кои се води дисциплинска постапка, согласно член 192 став 2 од Законот за здравствена заштита, до донесување на конечно решение во дисциплинската постапка.