ДЕХАРИ ВЕДНАШ ДА ЈА ПОВЛЕЧЕ КАНДИДАТИРАТА ЗА КИЧЕВО Се откри црната страна на политиката што произведува срам, порача Вреди

Обидите скандалот да се прикаже како „уцена“ или да се релативизира со тврдења за „фабрикувани материјали“ не можат да ја сменат фактичката состојба - штетата врз јавниот морал и довербата на граѓаните веќе е направена. Јавноста нема потреба од експертизи за да разбере што е достојно, а што не е за еден јавен претставник, соопшти Вреди.

1,881

Ниту една „експертиза“ не може да го измие политичкиот срам во Кичево, соопшти денеска коалицијата Вреди и побара кандидатот на Националната алијанса за интеграција, Фатмир Дехари да се повлече од изборната трка за градоначалник на Кичево.

„Скандалот што кружи по социјалните мрежи и медиумите, кој ја потресе јавноста во Кичево и пошироко, ја откри црната страна на политичката култура што две децении произведува срам наместо одговорност. Обидите ова да се прикаже како „уцена“ или да се релативизира со тврдења за „фабрикувани материјали“ не можат да ја сменат фактичката состојба, штетата врз јавниот морал и довербата на граѓаните веќе е направена. Јавноста нема потреба од експертизи за да разбере што е достојно, а што не е за еден јавен претставник“, соопшти Вреди.






Граѓаните на Кичево се доволно мудри да проценат сами и да го одбијат секој обид недостигот на достоинство да се прикрие со големи зборови, се додава во соопштението.

„Достоинството и јавниот морал не бараат експерти, туку луѓе со карактер. Во ваква ситуација, продолжувањето на кандидатурата не е веќе прашање на изборна трка, туку прашање на морал.
Во интерес на граѓаните и на изборниот процес, кандидатот на НАИ треба веднаш да се повлече. Кичево заслужува луѓе со достоинство, а не со скандали“, соопшти коалицијата Вреди.

Во јавноста завчера излегоа аудио снимки од кои се слуша како градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари сексуално ги малтретира вработените во Општината.

НАДЛЕЖНИТЕ ИНСТИТУЦИИ ИТНО ДА РЕАГИРААТ ЗА СКАНДАЛОТ НА ДЕХАРИ! Ова е срамен чин кој заслужува осуда и санкционирање, вели Митева од ВМРО-ДПМНЕ

 

Поврзани содржини