ДЕФИНИТИВНО ТРЕБА ПОЧЕСТО ДА ГО ВКЛУЧУВАТЕ ВО ИСХРАНАТА Одлична замена за чоколадо, прави чуда за варењето, го намалува ризикот од срцеви заболувања
Мелениот рогач може да го замени чоколадото во сооднос 1:1 при подготовка на десерти. Поради својата природна сладост, доволно е да додадете само малку шеќер, поради што е поздрав избор тортата со рогач од онаа со чоколадо или какао за кои е потребен повеќе додаден шеќер.
Пред илјадници години, рогачот бил омилена храна низ Медитеранот, поради неговите хранливи и природно слатки мешунки, но и поради неговите лековити својства.
Се раширил низ светот, но со текот на времето неправедно се здобил со статус на добиточна храна, а вештачките засладувачи ѝ задале силен удар на неговата употреба.
Сепак, во последните години рогачот се врати со стил во чиниите на љубителите на здрава храна и тоа од голем број добри причини.
Прочитајте повеќе на порталот „Арт кујна“.