ДЕФИНИТИВНО МУ Е ПОТРЕБНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ Повторно ограбен домот на Бензема

Семејството на Бензема, за време на грабежот, не било во својот дом лоциран во предградието Сан Себастијан, а сега нема информации што е украдено.

319

Семејниот дом на францускиот напаѓач во редовите на Реал Мадрид, Карим Бензема, бил ограбен во неделата, втор пат од февруари 2019 година.

Грабежот, како што јавија шпанските медиуми, бил извршен во неделата попладне, неколку часови пред првенствениот дуел меѓу Реал Мадрид и Елче, кој заврши нерешено 2:2.






Семејството на Бензема, за време на грабежот, не било во својот дом лоциран во предградието Сан Себастијан, а сега нема информации што е украдено.

Полицијата истражува дали овој грабеж е поврзан со грабежот што беше извршен во домот на Бензема пред три години.

Поврзани содржини