ДЕФИЛЕТО НА ВЕЛОСИПЕДИСТИ И МОТОРЦИКЛИСТИ СО ПРОМЕНЕТА РУТА Во сабота ќе се вози на кејот и во Градски парк
Дефилето ќе започне во 11 часот со поаѓање на велосипедистите од велосипедската патека на кејот кај хотелот Holiday Inn и на мотоциклистите во 11:30 часот од фонтаната „Лотусов цвет“ во Градскиот парк . Двете групи ќе се сретнат на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.
Дефилето на велосипедисти и мотоциклисти за поголема безбедност во сообраќајот што ќе се одржи на 13 мај 2023 година (сабота), ќе започне во 11 часот со поаѓање на велосипедистите од велосипедската патека на кејот кај хотелот Holiday Inn и на мотоциклистите во 11:30 часот од фонтаната „Лотусов цвет“ во Градскиот парк . Двете групи ќе се сретнат на платото пред Спортскиот центар „Јане Сандански“.
До ваквата промена дојде поради неможноста истиот ден да се користи плоштадот „Македонија“ за оваа намена, велат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП).
Дефилето има за цел да влијае врз зголемување на сообраќајната култура на велосипедистите и мотоциклистите и подигање на свеста за користење на заштитна опрема при вклучување во сообраќајот.
Дефилето кое ќе се одржи под мотото „Јас внимавам и безбедно возам“ е во организација на РСБСП, а партнери се компанијата ОКТА, Министерството за внатрешни работи, Факултетот за безбедност од Скопје и Црвениот крст. Поддршка за настанот даваат и здруженијата на велосипедисти и мотоциклисти „Мото клуб Безбедност“, „Прв до врв“ и „Здружението за друмски и планински велосипедизам“.
Сите кои сакаат да дадат личен придонес за подигнување на свеста за безбедност на велосипедистите и мотоциклистите во сообраќајот, можат да се приклучат на ова свечено дефиле со својот велосипед или мотоцикл.