ДЕФЕКТ НА ПОДЗЕМЕН КАБЕЛ Е ПРИЧИНА ЗА МРАКОТ ВО ПОЛОВИНА ЃОРЧЕ За неполн час сите населени места ќе добијат струја

Приоритет е санирање на дефектот,  а потоа ќе се утврдуваат причините од што е настанат проблемот.

635

Дефект на подземен кабел е причина што повеќе населени места во Ѓорче Петров неколку часа се без струја, информира ЕВН, пренесоа медиумите.

– Поради проблем со подземен 10 – киловолтен кабел кој доаѓа од трафостаница Ѓорче Петров, прекинати се две десет – киловоlтни линии, а повеќе трафостаници се без напон – потврдија вечерва од ЕВН.






Без струја се делови од Ѓорче Петров, селата Волково, Кисела Јабука и Орман, како и делови од Водно и Црниче.

Од ЕВН велат се работи на воспоставување на напојување од други места, а се очекува за околу еден час сите населени места да добијат струја.

Оттаму велат дека приоритет е санирање на дефектот,  а потоа ќе се утврдуваат причините од што е настанат проблемот.

Поврзани содржини