Дедо шверцувал мигранти, тешко повредени мотоциклист и пешак

354

Повреден мотоциклист по судар со автомобил – На патот Прилеп-Битола вчера се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „хонда” со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од С.К.(24) од с.Манастирец-Росоман и патничко возило марка „хонда“со битолски регистерски ознаки, управувано од П.Ј.(37) од Битола. Во незгодата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница Прилеп. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Дедо илегално превезувал мигранти – На 09.09.2020 околу 01 часот во с.Матејче-кумановско, полициски службеници од Полициското одделение Матејче дале знак да застане патничко моторно возило „рено еспејс“ со штипски регистарски ознаки, но истото продожило да се движи кон с.Отла. По кратко време на ул.„11-Ноември“ во Куманово, од полициски службеници од СВР Куманово возилото било сопрено, при што било констатирано дека е управувано од Д.Ј.(70) од Штип. Во возилото се превезувале 21 мигрант и тоа од Сирија, Авганистан, Пакистан и Бангладеш, од кои 10 малолетни лица. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР-Куманово. Д.Ј. бил приведен во полициска станица за понатамошна постапка, а мигрантите биле сместени во Транзитен центар Табановце. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






Малолетник каснат од куче  во Аеродром – На 08.09.2020 во 13,50 часот во Полициската станица Аеродром Д.Ч.(42) од Скопје, пријавил дека на бул.“Јане Сандански“ неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.

Пајакот подигнал 41 возило – Во текот на 07 и 08.09.2020 на подрачјето на СВР Скопје санкционирани се 11 возила бидејќи биле нерегистрирани, 23 возачи затоа што управувале возила без да се стекнат со право на управување на моторно возило, шест возачи бидејќи управувале возила под дејство на алкохол, четири возачи поради управување на возила со брзина поголема од дозволената, четири возачи бидејќи поминале на црвено светло, еден возач поради недавање првенство на минување на пешаци и 41 возило е подигнато со специјално возило „пајак”.

Тешко повреден пешак – На 08.09.2020 во 20,50 часот било пријавено дека на регионалниот пат Тетово- с.Теново, патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки управувано од Ф.Е.(60) од с.Милетино удрило во Г.М.(61) од с.Радиовце. Во незгодата пешакот се здобил со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во Клиничката болница Тетово, бил пренесен во Комплексот клиники “Мајка Тереза“-Скопје, каде им подлегнал на повредите. Извршен бил увид  на местото на настанот од увидна еки па од СВР-Тетово.

 

Поврзани содржини