ДЕДО ПРИЈАВИ ДЕКА МУ ГИ НЕМА ТРИТЕ ВНУКИ Девојчињата исчезнале од семејниот дом во Ќерамидница
Во моментов се преземаат мерки за нивно пронаоѓање, а случајот е целосно документиран и за него е известен надлежен јавен обвинител.
75-годишен скопјанец пријавил во полицијата дека исчезнале неговите три малолетни внуки, кои последен пат биле видени во семејниот дом во населбата Ќерамидница.
„На 17.04.2025 во 15.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.А. (75) од Скопје пријавил дека од семејниот дом се оддалечиле неговите три внуки – К.М. (15), В.М. и И.М.“, соопштија од Министерството за внатрешни работи.
Во моментов се преземаат мерки за нивно пронаоѓање, а случајот е целосно документиран и за него е известен надлежен јавен обвинител.