Дедо од Германија прскал минувачи со спреј со бибер, бидејќи не држеле дистанца

405

Седумдесет и едногодишен дедо од Германија пресериозно ја сфатил препораката за физичка дистанца па ги прскал минувачите со спреј за самоодбтана на база на бибер, соопштила германската полиција.

Прво испрскал група џогери, а потоа двајца велосипедисти во градот Ахен, се наведува во соопштението и се додава дека нападите се извршени без предупредување.






Велосипедистите, брачен пар од 51 и 49 години, успеале да го избегнат спрејот и застанале за да повикаат полиција.

Мажот и рекол на полицијата дека немало друг начин да им покаже на минувачите да се придржуваат на мерките кои се на сила за сузбивање на ширењето на коронавирусот.

Тој е обвинет за нанесување на тешки повреди и сериозно попречување на движењето.

Ахен е еден од главните урбани центри во Германија кој во моментов е меѓу подрачјата од висок ризик поради големата стапка на зараза.

Поврзани содржини