ДЕДО МРАЗ СО БАЛОН СЛЕТА ВО КИСЕЛА ВОДА Пакетчиња добија над 3.000 деца (ГАЛЕРИЈА)
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја истакна желбата на локалната самоуправа да им ги разубави празниците на сите граѓани и да им овозможи на најмладите со подарок и со спектакуларен настан кој ќе го паметат да ја испратат старата и дочекаат Новата 2023 година.
Со голем балон на топол воздух, Дедо Мраз денес слета во паркот во Кисела Вода и донесе пакетчиња за преку 3.000 дечиња. Ова беше финалето на новогодишниот настан кој го организираше Општина Кисела Вода и кој за најмладите овозможи двочасовна забава-театарска претстава од општинските градинки и концерт на изведувачите од детскиот фестивал „Поточиња”.
Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, ја истакна желбата на локалната самоуправа да им ги разубави празниците на сите граѓани и да им овозможи на најмладите со подарок и со спектакуларен настан кој ќе го паметат да ја испратат старата и дочекаат Новата 2023 година.
– Новогодишниот период е време кога ja прославуваме радоста, кога еден на друг си посветуваме повеќе внимание, кога со возбуда го очекуваме новиот почеток кој треба да донесе здравје, среќа, успех и други убави нешта за нашите најсакани. Се чини дека најважни за сите нас, сепак, се децата чии желби се најискрени и најтопли. Општина Кисела Вода одлучи да им ги разубави празниците на сите најмлади, да направи нешто несекојдневно за нив и силно верувам дека денешниот настан ќе го паметат долго време. Нашата честитка годинава изгледа вака- со театарска претстава, со концерт на омилените „Поточиња” и со новогодишни пакетчиња за сите дечиња кои се тука присутни. Нив ги донесе Дедо Мраз, а тој, како никаде и никогаш досега, само за децата од Кисела Вода, пристигна со балон. Со настан за паметење да започнеме нова година за паметење – истакна градоначалникот Ѓорѓиевски, честитајќи ја уште еднаш Новата 2023-та година и додавајќи дека овој настан ќе премине во традиционален.