Дедо Мраз сепак ќе пристигне! Погледнете каде е сега и колку подароци доставил (ВИДЕО)
Дедо Мраз е вреден и оваа година, и покрај пандемијата на вирус ковид-19, тој патува низ целиот свет и доставува подароци.
Омилениот дедо со бела брада ќе донесе насмевки не само децата, туку и на возрасните, на крајот на една тешка година.
Оваа година можеби немаме нормални Божиќ и Нова година, но едно е сигурно – Дедо Мраз сепак доаѓа во градовите и носи подароци.
Дедо Мраз е вреден и оваа година, и покрај пандемијата на вирус ковид-19, тој патува низ целиот свет и доставува подароци.
Благодарение на „Google“, можете да го следите Дедо Мраз во секое време и да откриете каде е тој.
За време на пишувањето на овој текст, Дедо Мраз беше во САД и досега испорачал повеќе од 7,5 милијарди подароци.
На линкот „Santa tracker“, можете да проверите каде е омилениот дедо со бела брада.
Можеби Дедо Мраз веќе примил вакцина против вирусот ковид-19 и сигурно е дека тој ќе донесе насмевки на лицата не само на децата, туку и на возрасните, на крајот на една тешка година.