ДЕДО МРАЗ САКА ДА ЗНАЕ ДАЛИ БЕВТЕ ДОБРИ? Жешка фото-сесија на Мадона за Божиќ
Дедо Мраз сака да знае…….. дали бевте непослушни или добри? Среќен Божиќ на сите! Пишува Мадона на својот Инстаграм, како најава за нејзината жешка фото-сесија со својот личен и многу млад Дедо Мраз
И на 67 години, Мадона е сѐ уште „жешка“ и тоа го покажа со својата најнова празнична фото-сесија во домашна атмосфера, со своето многу помладо момче во улога на Дедо Мраз.
Нејзините обожаватели беа импресионирани од жешките фотографии на кралицата на попот, која е препознатлива по контроверзната употреба на сексуални и религиозни теми.
Погледнете ги сите фотографии и ќе видите дека е секогаш доследна на себе.
Најжешките фотографии се оние на кои таа се појавува со своето момче, Аким Морис (29), но има и неколку со семеен дух, на кои е таа со нејзините најмлади ќерки, близначките Стела и Естере (13), кои ги посвои од Малави во 2017 година.
– Дедо Мраз сака да знае… дали бевте непослушни или добри? Среќен Божиќ на сите! – напиша Мадона во објавата на најновата серија празнични фотографии на Инстаграм.
View this post on Instagram