ДЕДО МРАЗ ЌЕ СЛЕТА СО БАЛОН ВО КИСЕЛА ВОДА На секое дете ќе му подари пакетче

Новогодишниот хепенинг ќе се одвива под името „Дедо Мраз со подароци за вас" и на најмладите ќе им овозможи несекојдневно доживување.

138

Општина Кисела Вода ги поканува дечињата на големо дружење оваа сабота, со почеток од 10:30 минути.

Новогодишниот хепенинг ќе се одвива под името „Дедо Мраз со подароци за вас” и на најмладите ќе им овозможи несекојдневно доживување.






„Програмата ќе започне со театарска претстава во изведба на вработените од ЈДГ ‘Весели Цветови’, по што следува концерт на ‘Поточиња’, a потоа спектакуларно, со балон на топол воздух ќе пристигне Дедо Мраз и ќе им подели пакетчиња на сите присутни дечиња. Бидете сите во сабота, на 24.12.2022, во паркот на улицата ‘Есенинова’ за заедно да ја почуствуваме новогодишната магија и да си посакаме многу успех, среќа и здравје во Новата 2023 година!“, се вели во поканата.

Поврзани содржини