Дедо криел нацистички тенк во својот подрум, сега ќе го судат

Го прекршил ли старецот германскиот Закон за контрола на военото оружје? Додека одбраната тврди дека тенкот е купен на отпад за старо железо, обвинителството смета дека некои од оружјата и муницијата во подрумот сè уште се употребливи. Дедото и претходно разменувал и друго оружје со разни колекционери кои му се јавувале, а дел од нив чувале нацистички уметнички дела во подрум во Берлин.

604

Тенк, противвоздушен топ и торпедо од Втората светска војна успеал да сокрие во својот подрум, 84-годишен пензионер од Хајкдорф, град во северниот дел на Германија. Додека адвокатите се мислат како да го одбранат пред суд дедото на кого му се заканува казна и до половина милион евра, музеј од САД веќе се понудил да го купи тенкот „Пантер“, кој според историчарите е најефикасното возило кое го користела Германија во војната, пишува Би-би-си.

Го прекршил ли старецот германскиот закон за контрола на военото оружје?






Додека одбраната тврди дека тенкот е купен на отпад за старо железо, обвинителството смета дека некои од оружјата и муницијата во подрумот сè уште се употребливи. Дедото и претходно разменувал и друго оружје со разни колекционери кои му се јавувале, а дел од нив чувале нацистички уметнички дела во подрум во Берлин.

Обвинителството бара 500.000 евра, а одбраната би прифатила казна до 50.000 евра за старецот. Веќе биле потребни средства и пари само за да се извади гломазниот тенк од подрумот. „Пантер“ немал гасеници и затоа 20 војници цели 9 часа го извлекувале надвор, а потоа го поставиле на носач за возила. За неговата судбина допрва ќе решаваат властите во Германија.

Поврзани содржини