„ДЕДО И ВНУК“ НА „БРАЌА МАНАКИ“ Проекцијата е вечерва на летната тераса пред Офицерскиот дом

Во филмот кој е помогнат од македонската Агенција за филм, настапуваат актерите Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски и Благој Веселинов под режија на Илија Пиперкоски.

68

Придружната или Off-програма на ИФФК „Браќа Манаки“ на летната тераса од Офицерски дом во Битола, вечерва продолжува со македонскиот игран филм „Дедо и внук“ на режисерот Илија Пиперкоски со почеток во 20:30 часот.

Филмот на Пиперкоски во кој кинематографер е Петру Паунеску од Романија, е добитник на бројни награди во земјата и странство, меѓу кои и наградата за најдобар странски филм на престижниот Independent Film Awards во Лондон, The Buddha International Film Festival, наградата за „Најдобар филм“ на Интернационалниот Филмски Фестивал во Париз, две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) од 4-th Dimension Independent Film Festival, награда на TIFF -Tagore International Film Festival во категоријата играни филмови и други.






Во филмот кој е помогнат од македонската Агенција за филм, настапуваат актерите Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски и Благој Веселинов.

Поврзани содржини