ДЕДО Ѝ БИЛ ПЕДОФИЛ И ЗЛОСТАВУВАЧ Шерон Стоун проговори за семејните трауми

Актерката Шерон Стоун во интервју за „Гардиан“ проговори за семејните трауми, откривајќи дека таа, нејзината сестра и нејзината покојна мајка биле жртви на злоставување од нејзиниот дедо.

433

Во интервју за „Гардијан“, во врска со филмот „Nobody 2“, Шерон Стоун проговорила и за семејството и семејните трауми. Иако на оваа тема холивудската актерка си го отвори срцето и во својата автобиографија „The Beauty of Living Twice“.

Во интервјуто таа го опишува својот дедо по мајка како насилник и предатор. Истакнала дека дедо ѝ ја тепал нејзината мајка уште од раното детство и дека таа била принудена да го напушти домот и да се вработи кога имала само девет години.






– Немало ден во животот на мајка ми кога не била тепана, вели актерката додавајќи дека и таа и нејзината сестра биле исто така жртви на злоставување од нивниот дедо кога биле деца.

– Му побегнав кога имав пет или шест години, пред тој да стане сериозно сексуално насилен кон мене. Бев многу досетливо дете. Преживеав многу помалку злоставување од другите, вели актерката.

– Мислам дека злоупотребата е причината зошто сите сестри на мајка ми полудеа. Сите беа на лекување од проблеми со менталното здравје. Беа пет и само мајка ми доживеа над 50 години. И имале уште неколку сестри кои починале во раното детство, додаде таа.

Поддршка од татко ѝ во тешките времиња

Иако семејната историја е обележана со насилство, Стоун нагласува дека нејзината приказна не е само приказна за болка. Таа се присетува на силната врска со нејзиниот татко Џозеф, кого го опиша како нејзина најголема поддршка и личноста од која научила како да се снајде во свет во кој доминираат мажи.

– Татко ми и јас бевме цврсти како два слоја боја, рече таа.

Борејќи се со последиците од мозочен удар

Актерката, исто така, се осврна на здравствената криза од 2001 година, кога доживеа тежок мозочен удар и едвај преживеа. Таа нагласи дека ѝ било исклучително тешко да ја продолжи кариерата после тоа, бидејќи Холивуд во тоа време ги отфрлаше жените со сериозни здравствени проблеми.

– Во тоа време, ако нешто ѝ се случеше на жена, за неа беше готово, рече таа.

Таа продолжила да ги чувствува последиците од мозочниот удар со години. Минатата година,  откри дека изгубила речиси сè, не само поради здравствени проблеми, туку и поради финансиски тешкотии. Според „The Blast“, Стоун била измамена за речиси 18 милиони долари, заедно со личните работи и недвижен имот.

Мајчинството како нов животен приоритет

И покрај сè, таа вели дека не дозволила лутината и огорченоста да ја совладаат. Наместо тоа, таа одлучила да го промени својот животен фокус и да се фокусира на своето семејство. Посвоила три сина – Роан, Лерд и Квин – и го ставила мајчинството пред кариерата.

– Благодарна сум што го избрав мајчинството како поздрав пат во животот и што не го ставив Холивуд како приоритет, бидејќи Холивуд сигурно не ми даде приоритет мене, рече таа.

Стоун нагласува дека и покрај траумите и пречките, таа останува оптимист.

– Јас сум тип на жена што ја гледа чашата како полуполна, рече таа.

Поврзани содржини