ДЕЧКОТО ЈА СНИМАЛ ПА ЈА УЦЕНУВАЛ СО ДРУГАРИТЕ 15-годишна Индијка именувала дури 33 силувачи

Локалните извештаи тврдат дека сѐ започнало кога нејзиното момче ја силувало и го снимило инцидентот. Потоа, тој и неговите пријатели ја користеле снимката за да ја уценуваат да има секс со нив.

660

Властите во Индија истражуваат случај во кој 15-годишно девојче било групно силувано повеќепати во период од околу девет месеци. Полицијата во Мумбаи уапси 28 лица во врска со наводните силувања, кои започнале во јануари пренесува Би-Би-Си, повикувајќи се локалните медиуми.

Локалните извештаи тврдат дека сѐ започнало кога нејзиното момче ја силувало и го снимило инцидентот. Потоа, тој и неговите пријатели ја користеле снимката за да ја уценуваат да има секс со нив.






Властите соопштија дека групните силувања се случиле во различни предградија на Мумбаи, вклучувајќи ги Домбивили, Бадлапур, Мурбад и Рабале.

Девојчето конечно го пријавило случајот во полиција во средата вечерта, а весникот НДТВ пренесува дека девојката именувала вкупно 33 напаѓачи и дека ги знае скоро сите.

Од неславното групно силување на жена во автобус во 2012 година, што предизвика глобален гнев, Индија воведе строги закони за решавање на злосторствата од сексуална природа, но и покрај тоа, ова останува сериозен проблем.

Само минатата година, Националното биро за криминални записи во Индија регистрираше 28.046 случаи на силување, или скоро 77 случаи на ден.

Поврзани содржини