ДЕЧКО, МЕ СЛУШАШ ШТО ТЕ ПРАШУВАМ? Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ му упадна во кадар на Каевски од СДСМ (ВИДЕО)
Пратеникот на СДСМ го игнорираше упадот на Стоилковски, кој му поставуваше прашања од типот: „Кај ти е Зоран Заев, кај ти е Ден Дончев бе братче? Кажи како направи четири милионо и дали ти се во една или во повеќе банки?
Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски, денеска упадна на прес-конференцијата на Дарко Каевски од СДСМ.
Каевски денеска повика на одговорност и оставки на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, по признанието на вина од страна на обвинети во судскиот процес „Титаник“.