ДЕЧИЊАТА БЕЗБЕДНО СЕ ЗГРИЖУВААТ 8 училишта во Гази Баба добиле дојави за бомби, Стефковски на терен

Излезен сум на терен заедно со вработени од општинската администрација со цел увид на спроведувањето на протоколите за евакуација. Се ставаме целосно на располагање за безбедно згрижување на сите дечиња, напиша Стефковски.

148

Во објава на својата официјална страна на фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба информира за дојави за поставени бомби во општински основни училишта.

– Утрово директорите на основните училишта ме информираа дека во училиштата Григор Прличев, Наум Наумовски Борче, Крсте Мисирков, Кирил и Методиј, Крум Тошев, 25 Мај, Дане Крапчев и Наум Охридски има пристигнато дојави за поставени бомби. Апелирам на смиреност и почитување на пропишаните правила и протоколи за постапување во вакви случаеви. До сега сите дечиња се на безбедно, евакуирани од просториите на училиштата и се во придружба на наставниот кадар. Веднаш по информациите разговарав со надлежните во полициската станица од општа надлежност Гази Баба со цел веднаш да се превземат сите неопходни мерки за проверка на пристигнатите информации. Излезен сум на терен заедно со вработени од општинската администрација со цел увид на спроведувањето на протоколите за евакуација. Се ставаме целосно на располагање за безбедно згрижување на сите дечиња – напиша Стефковски.






Поврзани содржини