ДЕЦАТА ВО ХРВАТСКО УЧИЛИШТЕ ИМААТ ШВЕДСКА МАСА ЗА ПОЈАДОК „Секој ден јадам друго“

Кога се втора смена јадат готвени јадења, а кога се прва, имаат шведска маса и голем избор на намирници кои не се само леб, паштета и салама

31

Уште пред десетина години, едно основно училиште во Ловран вовело за појадок – шведска маса. Иако и тогаш ова изгледало како одлична идеја за децата, само едно основно училиште во Новска ги следело нивните стапки и во изминатиот месец им давало на своите ученици избор што да јадат за појадок.

– Премногу ми се допаѓа ова – вели Роберт, ученик од трето одделение во училиштето, кој брзо се одвикнал од стандардниот систем за појадок што го имаат децата низ цела Хрватска. „Има многу во понудата, па можам да јадам нешто различно секој ден“, пишува Индекс.






Антонија Миросављевиќ е директорка на основното училиште Новска веќе 16 години, а ова е нејзиниот најнов проект за решавање на проблемот со исхраната кај најмладите.

Целата приказна започнала кога училиштето било едно од првите во Хрватска што вовело готвени оброци со цел да всади поздрави навики во исхраната кај децата. Не било лесна задача, бидејќи морале да ги убедуваат децата да јадат кељ или грав, а кога успеале, сфатиле дека имаат друг проблем.

– Бидејќи имаме две смени, размислувавме што можеме да направиме за утринската смена да не мора да јаде грав и кељ во 9 часот наутро, па затоа дојдовме до идеја за шведска маса за учениците да можат подобро да јадат и парите што им ги дава државата да бидат подобро потрошени – вели Миросављевиќ. „Целта не е да се готви и да се фрла храната, целта е учениците да ја изедат храната.“

Повеќе за ова на порталот „Мајка и дете“.

Поврзани содржини