ДЕЦАТА ВЕЌЕ ДА НЕ УЧАТ ОТИ СМЕ БИЛЕ ТАТАРИ И ФАШИСТИ Петар Колев од ГДУ се отвори пред средбата со бугарскиот премиер

Колев изјави дека Бугарите во Македонија повеќе не прифаќаат рушење на спомениците на нивните дедовци, не прифаќаат нивните деца на училиште да бидат индоктринирани со антибугаризам и омраза кон Бугарија.

1,146

„Не прифаќаме веќе децата да учат дека нашите предци се Татари, фашисти, окупатори и најголеми непријатели на Македонија“.

Вака на новинарско прашање од бугарски БГНЕС одговори Петар Колев, претседател на Граѓанско демократска унија, пред средбата на група македонски Бугари со бугарскиот премиер Кирил Петков, пишува Фактор.






Тој кажа дека македонските Бугари се во Софија за да добијат информација од прва рака.

– Овие преговори одлучуваат за нашата судбина и за судбината на нашите деца, дали тие ќе продолжат да живеат како втора категорија граѓани или ќе станат полноправни и рамноправни граѓани на сопствената земја. Се решава судбината на нашето историско минато и културно-историското наследство во Македонија – нагласи Колев.

Тој изјави дека Бугарите во Македонија повеќе не прифаќаат рушење на спомениците на нивните дедовци, не прифаќаат нивните деца на училиште да бидат индоктринирани со антибугаризам и омраза кон Бугарија.

Официјална Софија не се откажува од барањето за внесување на Бугарите во Уставот.

Поврзани содржини