„ДЕЦАТА СЕ ВНАТРЕ, КУЌАТА МИ ГОРИ“ Се појави снимка од моментот на пријавувањето на пожарот во Нови Сад

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека се неточни информациите дека на пожарникарите и на спасувачите им бил потребен цел час да стигнат до местото, туку дека тие стигнале за 5 минути. 

3,402

„Куќата гори, децата се внатре“.

Вака вели машки глас на снимка од Брзата помош која беше објавена во српските медиуми. Се работи за пријавата за пожарот во Нови Сад утринава во кој загинаа мајка, татко и нивните четири деца. Снимката трае 52 секунди, а во позадината се слушаат гласови и плачење.

 






Пет минути по пријавата, во 2 часот и 47 минути, градската камера во Нови Сад снимила минување на противпожарните екипи на 200 метри од местото на пожарот, пишува Б92. Пожарникарите пристигнале на местото на настанот во 2 часот и 48 минути и констатирале дека гори куќата со површина од околу 50 квадратни метри. Пожарот е локализиран во 02:53 часот.

Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека се неточни информациите дека на пожарникарите и на спасувачите им бил потребен цел час да стигнат до местото, туку дека тие стигнале за 5 минути.

Полицијата на број 192 добила известување од Одделението за вонредни состојби во 02:48 часот. Девет пожарникари со две возила од Новосадската Агенција за вонредни состојби го гаснеле пожарот, а полицијата и јавниот обвинител извршиле увид на местото на настанот.

Едно од децата, двегодишно бебе било пронајдено во рацете на мајката. Пожарот го затекнал семејството додека спиело, а неофицијално причината е електричен скутер кој останал вклучен и неговата батерија се запалила.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, најави дека во Нови Сад ќе биде прогласен Ден на жалост поради трагедијата што се случи. Тој напомена и дека ќе им се пружи помош на семејствата на настраданите.

 

 

 

Поврзани содржини