ДЕЦАТА ОД ВПД „ВОЛКОВИЈА“ ОСТАНАА БЕЗ НАСТАВА Воспитно-поправниот дом бара помош од министерот Шаќири

Директорот на ВПД „Волковија" Даниел Антовски денеска за МИА потврди дека од минатата недела завршил договорот со наставниците кои држеле настава во домот, дека пред два дена ги тестирале малолетниците и дека со министерот за образование Јетон Шаќири се во контакт и заеднички бараат решение што е можно побрзо да се обезбеди продолжување на образовниот процес на децата кои ја издржуваат мерката „упатување во воспитно-поправен дом".

91

Малолетниците од Воспитно-поправниот дом „Волковија” веќе втора недела немаат пристап до образование поради завршен договор со наставниците од училиштето „Макаренко”. Децата кои ја издржуваат мерката „упатување во Воспитно-поправен дом”, од септември 2021 година до јуни годинава се соочија со истиот проблем за кој институциите најдоа решение, а сега повторно останаа без настава.

Директорот на ВПД „Волковија” Даниел Антовски денеска за МИА потврди дека од минатата недела завршил договорот со наставниците кои држеле настава во домот, дека пред два дена ги тестирале малолетниците и дека со министерот за образование Јетон Шаќири се во контакт и заеднички бараат решение што е можно побрзо да се обезбеди продолжување на образовниот процес на децата кои ја издржуваат мерката „упатување во воспитно-поправен дом”.






МИА од Министерството за образование побара информација дали е прекинат образовниот процес во ВПД „Волковија” и до овој момент не добивме одговор.

Европската Комисија во Извештајот нотираше подобрување на условите за сместување на малолетниците во објектот на Воспитно-поправниот дом во Волковија но сепак, забележува дека во периодот меѓу септември 2021 и јуни 2022 година тие немале пристап до образование.

Преку сториите, „Децата упатени во Воспитно-поправен дом лишени од задолжителното образование”, „Антоски за МИА: Очекуваме наставата за штитениците во ВПД-Тетово да почне месецов”, „Со доследно применување на Законот за правда на деца до намалување на деликвенцијата”, „Образованието на децата во Воспитно-поправен дом бара системско решение”, „Една година „воспитување” без образование за штитениците во ВПД, се очекува процесот да продолжи во септември” и „За иста мерка, момчињата во Воспитно-поправен дом, девојчињата во затвор“, МИА откри дека во воспитно-поправните установи во земјава нема образовен процес веќе цела година иако, според закон, е задолжителен, и дека девојчињата кои ја издржуваат оваа мерка, за разлика од момчињата, се сместени во несоодветни услови во адаптирана соба во ходник во рамките на КПУ Идризово.

Откако го објави серијалот стории, МИА постојано ја следи состојбата и во однос на образованието на малолетниците, кои според наши информации, по едногодишната пауза во јуни 2022 година повторно почна да се одвива, но од минатата недела малолетниците се оставени без настава.

Поврзани содржини